Шаќири пресадил коса, навивачите паѓаат во несвест: Затоа ли три месеци го немаше? (ФОТО)

Швајцарската ѕвезда со потекло од Косово, Џердан Шаќири се врати во тимот на Ливерпул, но навивачите останаа во чудо откако го видоа новиот имиџ на офанзивниот фудбалер. Шаќири очигледно имал трансплантација на коса, за да ги скрие залистоците над челото, па сето тоа предизвика лавина од коментари меѓу приврзаниците на „црвените“.

Навивачите кога го видоа Шаќири после синоќешната победа на Ливерпул над Евертон со 5-2, паднаа во несвест од смеење, па практично им се разјасни зошто го немало цели три месеци во тимот – пресадувал коса.

„Шаќири не бил повреден, тој еб*ено пресадвал коса“, напишал еден навивач.

„Затоа ли го немаше три месеци, бил на трансплантација на коса“, додава друг навивач.