Секси Дилета кога ќе се разбуди прво гледа во „богот“ Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Последните два дена најсексапилната спортска новинарка Дилета Леота и егоцентрикот Златан Ибрахимовиќ „се пецкаа“ на социјалните мрежи, ама никој не можеше да претпостави за што станува збор и на крај испадна – заедно снимиле реклама.

Дилета и Ибра снимија едноминутен спот за еден бренд во кој преубавата новинарка е во акција како боксерка, а Ибра типично за себе се глуми како арогантен и ладнокрвна суперѕвезда. И еден момент сите посебно го забележаа – секси Дилета кога ќе се рабуди прво што гледа е „богот“ Ибрахимовиќ.