Саса од Каменица во пресрет на куп-дуелот со Вардар подарува - чаша!

ФК Каменица Саса во македонскиот Куп игра против поранешниот шампион Вардар, па тие решија да израдуваат еден нивни навивач со, верувале или не, чаша.

Саса од Каменица објави на Фејсбук дека во 22.30 часот ќе се избере среќниот добитник на нивната страница.