Руски боксер брутално претепал девојка зашто не се согласила на - секс! (ФОТО)

Девојката Џејми Фонц го покажа белегот откако ја претепал рускиот боксер Сергеј Ковалев. Таа за медиумите ја покажа повредата која ја доби од 2018 година и сега откри што се случувало.

Поводот за нападот врз неа било нејзиното одбивање на сексуален однос.

„Кога ме удри ми експлодираше носот и крв имаше насекаде. Ѕидовите беа извалкани, тепихот и останатите предмети. Бев во толку големи болки што се гребев сама по рацете, зашто нешто ми направи со рацете. Ми заби нешто во него, а имам белег од 8 см, метална плочка. Мојот нос беше реконструиран, зашто беше целосно скршен“, открива Џејми.

Ковалев во јуни минатата година беше уапсен поради нападот, но набрзо беше ослободен, по што девојката реши да го тужи и да бара отштета од осум милиони долари.