Роналдо ѝ купил веренички прстен на Георгина - вреден 200.000 евра? (ФОТО)

Сѐ погласни се гласините дека Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина се свршиле, а аргументацијата стигна преку фотографија. 

Бидејќи имаше суспензија од пет натпревари во Ла Лига, Роналдо се врати во Португалија за семејни активности, а тоа времето во Листабон го искористи за да погледне натпревар на својот поранешен клуб Спортинг, во друштво на Георгина.

Токму нивната фотографија од ложата на „Естадио Жозе Алваладо“ (не)намерно го откри прстенот со огромен дијамант на раката на Гоергина. Експертите веднаш оценија дека такво парче накит чини од 175.000 до 225.000 евра, што, сигурно, е ситнеж за Роналдо. Меѓутоа, како цена за еден свршенички прстен таа сума е неверојатно великодушна.

Според портогалскиот весник „Кориеро да Мана“, Роналдо и Георгина ќе се венчаат идната година, откако таа ќе се породи со нивното дете, веќе четврто на Роналдо.