Роналдо е убедливо најпцуениот премиерлигашки фудбалер на Твитер!

Според интересното истражување на англиската агенција „Офкома“, аѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, е убедливо најнавредуваниот фудбалер во Премиер лигата во минатата сезона, што се однесува според објавите на социјалните мрежи.

Анализирани биле 2,3 милиони постови на Твитер од првиот дел од сезоната, меѓу кои повеќе од 60.000 содржеле навреда кон некој премиерлигашки фудбалер. Една петтина, пак, од овие навредливи твитови биле насочени кон Португалецот. Роналдо бил жртва на напад во 12.520 објави, а зад него исто така е фудбалер на „ѓаволите“, Хари Мекгваер (8.954 твитови).

Во Топ 10 се наоѓаат дури седум фудбалери на Јунајтед, а покрај водечкиот двоец на мета на навредувачите биле уште и Рашфорд, Фернандеш, Фред, Погба и Де Хеа. На „црна листа“ се најдоа уште и Хари Кејн, Џеси Лингард и Џек Грилиш.