Роналдињо со скара го прослави роденденот во затвор (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо пред неколку недели заврши во затвор откако беше уапсен за поседување на лажни документи во Парагвај.

Бразилецот вчера го славеше неговиот 40-ти роденден зад решетки, а како подарок доби скара.

Исто така, Роналдињо пред неколку дена победи на турнир во затворот, по што неговиот тим доби печено прасе од 16 кг.