Роберто Карлос „умре“ од смеење додека на Роналдо му правеа ПЦР-тест (ВИДЕО)

Легендарните бразилски фудбалери, Роналдо Луис Назарио и Роберто Карлос, по подолго време се сретнаа на Конгресот на ФИФА во Катар, каде што се потсетија на старите времиња и се забавуваа како кога играа заедно во дресот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил.

Од нивната дружба се појави видео како Карлос „умира“ од смеење додека на легендарниот напаѓач му прават ПЦР-тест.

„Сакате да ме убиете“, нервозно коментира некогашната „деветка“ додека му ставаа стапче во носот.

Роналдо во моментов работи како претседател на Реал Ваљадолид, додека Карлос е амбасадор на „кралевите“.