Ривер Плејт ангажира музичари за да ги учат навивачите да тропаат на – тапани!

Аргентина е посебна земја која е тотално луда за фудбалот и каде атмосферата на стадионите е неверојатна, а ултрасите на клубовите секојпат знаеле да направат пекол за противникот.

Култниот Ривер плејт, аргентински и јужноамерикански првак во последно време на својот „Монументал“ лесно (рас)продава бодови, па управата бараше причини зошто е тоа така, па на крај дошла до заклучок дека недоволен е притисокот од навивачите и атмосферата поради што противниците не се плашат на теренот.

И поради тоа, тотално луда идеја дошла во Ривер, па управата обезбедила дури 400 тапани за навивачите, за тие да ги зголемат децибелите на стадионот и домашниот тим освен што ќе добие ветер во грб, ќе треба да ги исплаши и ривалите.

Само што целата приказна со 400-те тапани добива уште поинтересна димензија. Нив ќе ги добијат најредовните членови на клубот кои имаат сезонски билети и секој од навивачите ќе има по еден тапан. Сите ќе бидат сместени во еден сектор од каде ќе треба да го даваат ритамот за сите трибини.

Најлудото од сѐ е што се ангажирани 50-на професионални музичари кои ќе ги ужат навивачите правилно да тропаат на тапаните за ритамот да биде ист и да го прифатат останатите.

„Музичката секција“ на навивачите на Ривер ќе била сместена во долниот дел од трибините за акустиката да била подобра.

И на сето ова, во Аргентина се кренал бунт. Причина 400 навивачи ќе имале „палки“ (тропалки), кои може да ги искористат како оружје во некои навивачки нереди или за фрлање кон теренот, па од Ривер се бранеле и уверувале дека 400-те навивачи се добро проверени, немаат досие и не се дел од ултра-групите популарно наречени „барас бравас“.