Рамос викендов ќе прави свадба, а на неа нема да присуствува Роналдо

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе се венча викендов во Севилја, а повика дури 500 гости на венчавката со Рубен Пилар.

„Марка“ пишува дека меѓу гостите нема да биде и Кристијано Роналдо, кој ја делеше соблекувалната со Рамос во Реал Мадрид дури девет години.

Главната причина поради која Португалецот не е поканет на свадбата е тоа што се преселил во Јувентус, а таа одлука на капитенот на „кралевите“ воопшто не му се допаднала.

Меѓу гостите ќе бидат тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, како и претседателот Флорентино Перез, а се очекува да присуствуваат и Икер Касилјас, Жерар Пике...