„Подобро еден месец без пријатели, отколку без видео-игри“

Некои фудбалери имаат порок кој не може да го победат. За едно од најскапите засилувања во историјата на Барселона, Осман Дембеле, тоа се видео-игрите.

Дембеле пред три години плати неверојатни 125 милиони евра, но вложените пари никогаш не ги оправда.

Овој 22-годишен фудбалер учествуваше во интересна анкета на која одговараше на интересни прашања, а едно од нив беше дали би можел еден месец без пријатели или видео-игри.

„Подобро еден месец без пријатели, отколку без видео-игри“, кажа Французинот без многу размислување.