Пациент на денот: Голманот на Леверкузен си даде глупав автогол (ВИДЕО)

Голманот на Баер Леверкузен, Лукаш Храдецки се посрамоти на денешниот меч против Арминијиа (2-1), откако во 47. минута си постигна глупав автогол.

Храдецки не беше под голем притисок од противничкиот фудбалер, па наместо лесно да ја исфрли топката далеку од својот гол, тој ја испрати во сопствената мрежа.