Опсада на „Маракана“: Километарски ред за билети за реваншот со Јанг Бојс (ФОТО+ВИДЕО)

После ремито 2-2 во Берн, белградска Црвена Звезда во вторник на својата „Маракана“ ја има шансата втора година по ред да игра во Лигата на шампионите, па со тоа донесе и вистинска гужва пред благајните на стадионот на срспкиот првак.

Црвено-белите денеска ги пуштија влезниците во продажба, а од рано утринава навивачи чекаат за да стигнат во вредното парче хартија и да бидат дел од спектаклот со надеж дека ќе се радуваат за четири дена и повторно ќе гледаат елитен европски фудбал.

Голема еуфорија за мечот владее во српската престолнина и нема сомнение дека швајцарскиот првак ќе го дочека пекол во Белград, каде во минатата сезона падна Ливерпул, кој во јуни годинава стигна до европската титула.