Неверојатно: Мало торнадо прекина натпревар во Боливија (ВИДЕО)

Неверојатни сцени доаѓаат од Боливија, каде што се случи несекојдневна сцена, но за среќа нема повредени фудбалери.

Фудбалерите се исплашија од малото торнадо кое се појави на фудбалскиот терен, па почнаа да бегаат, додека еден судија остана мирен и буквално мина низ торнадото.