Нема среќа: Позната тенисерка доби соба со неколку глувци! (ВИДЕО)

Тенисерите и тенисерките во Мелбурн се подготвуваат за првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен, но освен со карантинот, тие имаат проблеми и со глувци.

Јулија Путинцева пред неколку дена се пожали дека добила соба со еден глушец, по што се бунеше и бараше нова соба.

Луѓето од хотелот ѝ ја исполнија желбата, но таа доби уште поголем проблем, односно соба со повеќе глувци.