Не е цела Македонија „потресена“ за Келн, некои срцето ги влече кон Киев! (ФОТО)

Викендов што доаѓа повторно ќе го крене на нозе македонскиот народ и ќе го обедини пред тв-приемниците, бидејќи ракометарите на Вардар ќе имаат нов замав кон европската титула. Арно ама, не сите се потресени за Вардар и за Келн, некои срцето ги влече кон Киев.

Навивањето за клуб е таква појава во која разумот нема контрола над срцето. Таква се и неколку Македонци, кои, додека мноштвото ќе гледа кон Келн, тие ќе бидат во Киев. Нивниот омилен клуб е Реал Мадрид, а тие се дел од македонската „Пења“. Шансата да се освои трета европска титула едноподруго е реткост во модерниот фудбал, а овие момци не сакаат да го пропуштат моментот кој, можеби, ќе биде историја за нивниот омилен клуб.

Финалието во Лигата на шампионите во фудбал и полуфиналниот меч меѓу Вардар и Монпелје се играат во рок од неколку часа, ракометот е од 18, фудбалот од 20 часот и 45 миунти, в сабота.