Навивач на Лил ќе заврши во затвор зашто мастурбирал на трибини

Во средбата од шестото коло во францускиот шампионат Ленс го победи актуелниот шампион Лил со 1-0, но дербито ќе остане запаметено по нередите на навивачите.

Неколку дена подоцна се појавија и случаите кои се водат против навивачите, а француските медиуми објавија дека еден навивач на Лил е обвинет дека мастурибирал на трибини пред малолетни деца.

На навивачот му се заканува казна од една година во затвор и 15.000 евра, а се водат и други истраги против останатите фанови кои биле на трибините.