Најдобриот снукерист прдна среде меч, па го обвини - судијата (ВИДЕО)

Легендарниот Рони О’Саливен, кој за многумина е најдобриот снукерист во историјата, беше дел од една урнебесна ситуација која се случи во директен пренос на мечот против Метју Стивенс.

О’Саливен прдна среде меч, па направи чуден израз на лицето и за да се извлече од непријатната ситуација се сврте кон судијата Бен Вилијамс и го праша дали тој го направил тоа.

Судијата му се смееше на најдобриот снукерист, а „прсна“ од смеење и неговиот ривал, по што О’Саливан призна дека тој е „виновникот“.

„Ја преземам одговорноста, тоа беше мое дело. Јас прднав, имам стомачни проблеми веќе неколку месеци“, кажа тој.