Најбизарно исклучување досега: Морис со топка тресна противник во глава (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк никс синоќа во подготвителниот меч за новата НБА-сезона победија против Вашингтон визардс со 104-99.

Меѓутоа, мечот го одбележа еден инцидент, кога беше исклучен кошаркарот на Њујорк, Маркус Морис, кој со топка во глава го удри Џастин Андерсон.

Андерсон играше одбрана, а потоа Морис се налути поради нешто и му ја „тресна“ топката од глава, па заслужено заработи исклучување.