Наградата за најдобри актери заминува кај – Суарез и Алба! (ВИДЕО)

Минатата вечер беше одигран мечот од осминафиналето помеѓу Челси и Барселона (1-1), а освен неколку прекрасни шанси, истиот беше одбележан и од актерските способности на гостите.

А можеше судијата да „попушти“ на очајната глума на Суарез и Алба, но судијата, кој ја „режираше“ сензационалната победа на Барселона против ПСЖ од 6-1 минатата сезона, не можеше овој пат да „падне“ на срамната глума.

На средината на второто полувреме Суарез и Алба паднаа на теренот, држејќи се за нозете со болна гримаса на лицето. Се тркалаа низ теренот и во исто време ги кренаа главите гледајќи кон судијата во надеж дека ќе добијат прекршок.

Суарез неколку минути подоцна одлучи повторно да си ја проба среќата и да добие прекршок, па во дуелот со Мозес во 76. минута театрално падна. Немаше да има никаков проблем ако Суарез не се удреше само по ногата и потоа бесно отиде кај линискиот судија и му објасни дека требало да биде досуден прекршок.