Мурињо во 2004 година имаше голема желба, која сезонава му се оствари! (ФОТО)

Манчестер јунајтед денеска официјално го отпушти тренерот Жозе Мурињо, кој во последниот период имаше ужасни резултати, а новите проблеми пристигнаа и по убедливиот пораз од 1-3 против Ливерпул на „Енфилд“ во неделата.

Отказот на Мурињо со олеснување ќе го прифатат голем број од навивачите на Манчестер јунајтед, а дел од навивачите на поранешниот клуб на Мурињо, Челси, решија да се пошегуваат на сметка  на Португалецот.

Интересна е една изјава на Мурињо од 2004 година (како тренер на Челси) кога вели дека ќе го уништи Јунајтед и 14 години подоцна желбата очигледно му се оствари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#Mourinho 😂

A post shared by Football Memes ⚽️🔥 (@footy.corner) on