Морбидно: Мекгрегор го навредуваше починатиот татко на Нурмагомедов

Ирскиот борец Конор Мекгрегор денеска на Твитер имаше ептен морбидна објава за таткото на својот поранешен ривал Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор неодамна загуби од Дастин Порие во УФЦ 264 настанот, а Хабиб не го криеше задоволството поради новиот пораз на Ирецот.

„Доброто секогаш го победува злото“, напиша Хабиб по победата на Порие.

Денеска Мекгрегор реши да одговори на начин кој ги премина сите граници.

„Ковид-19 е добар, а татко ти е злото?“, напиша Мекгрегор, но набрзо го избриша коментарот.