Морбидна прослава: Навивачите на Милан го „погребаа“ Чалханоглу (ФОТО)

Италијанскиот гигант Милан по пауза од 11 години конечно го освои Скудетото, и тоа откако заврши пред градскиот ривал Интер, а најголем малер беше турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу кој уште еднаш остана без титулата.

Чалханоглу ги предаде „росонерите“ и се пресели во ланскиот шампион Интер, со надеж дека ќе ја освои повторно титулата, но овој пат Милан се искачи на тронот на Италија, а тоа беше повод за навивачите да го исмејуваат Турчинот.

Меѓутоа, дел од навивачите имаа морбидна прослава и решија да го „погребаат“ Чалханоглу.