Момче го нокаутираше ривалот за време на поздравување меѓу екипите (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу американските средношколски екипи Карлсли и Невада се случи инцидент, кога едно момче од домашната екипа тргна да го тепа противникот, и тоа додека се поздравуваа.

Наместо да се дадат рака, момчето го удри ривалот со бокс во стомакот, а потоа неколку пати во глава и го нокаутираше, а за среќа реагираа тренерите на двете екипи за да се избегне поголем инцидент.