Миа Калифа освен во порно филмови се разбира и од фудбал - дебело заработи на Шпанија (ВИДЕО)

Додека шпанските фудбалери ја славеа светската титула на тревникот во Њу Џерси, на трибините имаше уште една голема победничка - поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни, Миа Калифа, која заработи вистинско богатство на триумфот на „црвената фурија“.

Калифа на социјалните мрежи откри дека вложила милион долари на победа на Шпанија во финалето против Аргентина. Со оглед дека коефициентот за триумф на избраниците на Луис де ла Фуенте изнесувал 1.65, по победничкиот гол на Феран Торес во продолженијата таа инкасирала 1,65 милиони долари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

Таа објави неколку фотографии од стадионот, каде што натпреварот го следеше во дресот на Ламин Јамал, а не го криеше ниту задоволството од огромната добивка.

„Верував и добив големо! Толку сум горда на мојата татковина Шпанија (иако немам ниту капка шпанска крв во себе)“, напиша Калифа со доза иронија, а во објавата го покажа и добитното ливче.

За време на финалето таа беше особено активна на социјалните мрежи и не пропушти да ги провоцира аргентинските навивачи. По поништениот гол на Шпанија во 95. минута објави „ВАРгентина“, алудирајќи на честите коментари дека Аргентина низ целиот Мундијал имала судиска наклонетост.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mia K. (@miakhalifa)

Инаку, Шпанија до титулата стигна по минимална победа над Аргентина во продолженијата. И покрај присуството на Лионел Меси, „гаучосите“ одиграа едно од своите најслаби финалиња, не упатија ниту еден удар во рамките на голот за 120 минути игра, а единствено извонредниот Емилијано Мартинез со бројните интервенции ја одржуваше неизвесноста до самиот финиш, кога Феран Торес го постигна голот вреден светската круна.