Меси потпишуваше автограм на грб - среде натпревар (ВИДЕО)

Лионел Меси како еден од најголемите фудбалери на сите времиња очекувано предизвикува голема фама каде и да се појави. 

 Синоќа за време на пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Јамајка во Њу Џерси, еден навивач сакаше уникатен спомен од фудбалерот на ПСЖ. Тој влета на теренот веднаш откако Меси го постигна својот прв гол на натпреварот за водство од 2-0. 

Беше без маица и побара Меси да му се потпише на грбот. Фудбалерот не го одби иако во прв момент се исплаши и почна да се потпишува пред обезбедувањето да го собори навивачот и да го прекине Меси. Потоа во теренот влета и уште еден навивач, кој исто така беше сопрен од обезбедувањето.