Мекгрегор на финалето на ЕП си заработи - милион долари (ФОТО)

Ирскиот борец Конор Мекгрегор на социјалните мрежи се пофали дека заработил милион долари на финалето на Европското првенство (ЕП) меѓу Шпанија и Англија (2-1).

Мекгрегор се обложил дека Шпанија ќе го освои турнирот, а на крајот тоа се случи и Ирецот си додаде уште еден милион долари во банката.

„Лесно заработени пари на Шпанците на мојот роденден“, објави Мекгрегор.