Лудница во автобусот: Меси и другарите со пиво и песни го прославија куп-трофејот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона синоќа, со убедливата победа над Атлетико Билбао (4-0), дојдоа до уште еден во низа трофеј во Купот на Кралот, успех што потоа беше бурно прославен во – автобус.

Пандемијата со коронавирусот спречи било каков пречек на победниците, ниту било каков друг допир со навивачите, поради што Лионел Меси и другарите решија да се опуштат за време на патувањето од Севилја, каде што се играше натпреварот.

Музиката беше гласна, сите пееја, а алкохолот, пред сѐ пивото, беше во рацете на речиси сите играчи. Предничеше Жорди Алба, кој делуваше највесел по триумфот над составот од Билбао.