Луд Балкан: Излегол со пушка на тераса да се заканува на 2.000 навивачи на Левски (ФОТО)

Одамна во навивачкиот свет Балканот е или луд или див, па хаосот што го прават хулиганите од овој регион воопшто не ја изненадуваат светската ултрас-сцена, ама тоа што се случи во Велико Трново во соседна Бугарија веројатно ги преоѓа сите граници на здравиот разум.

Во овој бугарски град гостуваше Левски, еден од двата великани на бугарскиот фудбал и нормално на гостување дојдоа 2.000 ултраси на софиските сини. Кога во кортео тргнале да остан на стадионот, непознат човек на тераса од својата зграда излегол со пушка да им се заканува на навивачите на гостите.

Гестикулирал дека ќе ги „убива“, па толку требало за да ги испровоцира. Не траела долго вербалната војна пред да почне одговорот од левскарите. Кон него фрлале секаква пиротехника, од петарди, димни бомби, до домашно изработени „бомби“.

ФОТО: Ултрас Тифо.