Славниот аргентински напаѓач, Ернан Креспо, реши преку социјалните мрежи да открие дека има нова девојка и тоа далеку помлада од сопругата, која реши да ја напушти по 15 години брак.

Станува збор за 18 години помладата сонародничка Антонела Силгуеро, која пред неколку дена го прослави 29. роденден. Некогашниот голгетер на Интер, Парма и на Лацио беше во брак со поранешниот топ-модел Алесија Роси, со која има три ќерки.

Креспо очигледно е во сериозна врска со Силгуера, со оглед што таа го следи на сите патувања, односно е заедно со него во Катар каде што тој работи како тренер на Ал Духал.