Легенда на Црвена Звезда остана без возачка дозвола поради возење во алкохолизирана состојба
Веста ја објавија медиумите во Романија, а ја потврди Белодедиќ кој призна дека пиел пред да седне зад воланот.
„Ме запреа кога излегов од ресторан, од забава. Си заминав по 3 часот, тргнаа по мене и ме запреа. Ме бркаа со полициски автомобил со ротација, околу 100 метри. Навистина испив два пијалока со другарите, а на тестирањето излезе дека имам 0,08 промили алкохол во кртва. Се разбира, тоа е прекршок и ми ја зедоа дозволата на 90 дена“, откри Белодедиќ.
Во својата играчка кариера, тој освои две титули во поранешниот Куп на европски шампиони, по една со Стеауа и Црвена Звезда.