Кошаркарски бокс-меч: Американец тргна да се тепа со цела противничка екипа (ВИДЕО)

Пријателскиот меч помеѓу украинските екипи Одеса и Термопил имаше непријателски епилог, откако беше прекинат поради општа тепачка.

Инцидентот се случи во последната четвртина од мечот, кога дојде до кошкање помеѓу центарот на Термопил и еден од противничките кошаркари. На ова веднаш реагираше еден од Американците во таборот на Одеса, по што почна тепачка помеѓу него и центарот на противничкиот тим, во која за само неколку секунди се вклучија и уште десетина други кошаркари.

Воинствениот Американец во еден момент тргна да се тепа со целиот тим на гостите, но кога сфати дека пред него се многу џинови, реши да бега по теренот.