Комити со песна и со факели го испратија Саздо во вечноста (ФОТО)

Вардаровите навивачи Комити денеска за последен пат се простија од нивниот другар Никола Саздовсkи, кој по десет дена во кома вчера им подлегна на повредите, здобиени од претепувањето од страна на тројца припадници на навивачката група Шверцери.

Комитите денеска се собраа пред Западната трибина од „Филип Втори“, а оттаму во колона автомобили заминаа на гробиштата во Ракотинци, каде што беше погребан нивниот другар. Со запалени факели и песна, вардаровите навивачи го испратија Саздо во вечниот дом.

Саздовски минатата недела беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Настанот се случил на 29.06.2018 година околу 17.30 часот кога Саздовски бил нападнат од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор.

Социјалните мрежи вријат поради одлуката делото да биде окарактеризирано како „насилство“, наместо „убиство“.

Од Саздо вчера се простија сите навивачки групи во Македонија.