Македонските навивачки групи се простуваат од младиот Комита (ФОТО)

Навивачките групи ширум Македонија се обединија и се простија од навивачот на „Комити“, Никола Саздовски, кој денеска почина по здобиените повреди откако брутално беше претепан минатата недела од тројца напаѓачи во скопската населба Автокоманда.

Можеби се ривали од трибините, но голем дел од навивачките групи денеска преку социјалните мрежи изразија сочуство за 20-годишниот комита и побараа убијците да бидат изнесени пред лицето на правдата. Погребот на Никола ќе се одржи утре на гробиштата во село Ракотинци во 13 часот.