Катар веќе објави дека џиновски крузери ќе бидат закотвени во Доха за време на Мундијалот во 2022 година, за да се искористат големите капацитети од 4.000 соби за да се сместат фудбалските навивачи кои ќе дојдат во заливот за време на фудбалкиот фестивал, но таму домаќинот планира да ги смести – правите навивачи.

Дали се неинформирани или за хулиганите ќе има стоп, ама тотално лудо делува информацијата дека на ептен луксузни крузери ќе се сместуваат навивачи, посебно Англичаните, кои поради премногу алкохол може да направат ршум на крузерот. Англиските медиуми веќе го објавија изгледот на крузерите, потенцирајќи дека обичен навивач не е навикнат на вакво нешто.

И сега се поставува прашањето, како сето тоа ќе се обезбеди, зашто Англичаните не непредвидливи, а во Доха ќе дојдат еден куп навивачи, меѓу нив сигурно и такви со дебели досиеа, не само од Островот, туку и од европските ултрас-центри.

Околу 40.000 навивачи се очекува да бидат сместени на џиновските крузери. Веќе два биле изнајмени за ноември и декември 2022 година, а на такви треба да се сместат навивачи речиси од сите земји кои ќе допатуваат.