„Јас кажувам едно, вие пишувате друго, како сакате да ви зборувам!“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо, по подолго време, имаше добар натпревар постигнувајќи два гола во победата на Реал Мадрид против АПОЕЛ со 6-0, меѓутоа тоа не беше гаранција за негово добро расположение по натпреварот.

Кога излегоа од соблекувалните, низ т.н. „микс-зона“ за новинари, Роналдо имаше што да им порача на новинарите кои побараа изјава од него.

„Јас кажувам една работа, вие кажувате друга. Како да зборувам? Ќе кажам едно и следниот ден гледам напишано нешто што не сум рекол. Како сакате да зборувам?“, им кажа Роналдо.

Во последно време тој е „жешка“ тема за пишување, бидејќи се шпекулира за негово заминување од Реал, за нарушени односи со Серхио Рамос и со уште неколку шпански играчи од тимот.