Инцидент меѓу Гробари и Делии, мораше да реагира и полицијата (ВИДЕО)

Ривалството меѓу Партизан и Црвена Звезда е едно од најжестоките во регионот. Гробари и Делии веќе неколку децении се во војна, па ја користат секоја шанса за пресметка.

Една од нив се случи во Босна и Херцеговина, односно Вишеград. На улиците се случил инцидент меѓу навивачите поради цртање на графит.

Навивачите на Партизан нацртале графит на еден ѕид, а тоа ги налутило нивните вечни ривали, кои се скарале и морала да реагира и полицијата.

Неколку навивачи физички се пресметале, но за среќа полицијата успеала да ја смири ситуацијата меѓу страсните навивачи.