Играше со Роналдо, беше зависник од кокаин, а сега работи во пекара

Фабио Мацелари на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум беше познат фудбалер. Тој играше за Интер, Каљари и Болоња, а беше повикан и во италијанската репрезентација.

Мацелари заработуваше добро, почна да се забавува, а во таа забава дојде и до кокаин на кој стана зависен. Сега веќе некое време е чист, успеа да се врати на винстинскиот пат и сега ужива како родител.

„Да бев паметен немаше да завршам во хоророт кој се вика кокаин. Да го немав тој проблем кујзнае колку настапи ќе собрав за репрезентацијата. Не бев некоја класа, но имав среќа што бев левак. Најубаво ми беше во Интер, кога дојдов таму ми се смени животот. Излегував по ноќни клубови со Роналдо и Виери. Во тоа време Серија А беше најсилната лига во светот“,  вели Мацелари.

Тој сега живее на село, далеку од јавноста.

„Ми останаа пари од фудбалот. Не работам. Всушност сум дрвосечач, уживам во физичката работа на свеж воздух. Исто така работам и пчеларство имам свој мед. Во слободно време му помагам на мојот пријател кој има пекара. Станувам во 2-3 сабајле и правам пецива. Во фудбалот би се вратил само ако мојот добар пријател Лорен Блан ме земе за помошник“, заврши поранешниот фудбалер на Интер.