Хулигани претепале навивач до смрт: Го турнале на под и го шутирале!

Навивачкото насилство постои насекаде во светот, а од САД ни доаѓаат ужасни вести и голема трагедија од мечот меѓу Филаделфија јунион и Клуб Америка (0-2).

При тепачката меѓу хулиганите, 28-годишен навивач на мексиканскиот тим го загубил животот откако бил убиен со канта за ѓубре со која бил удрен во глава.

Додека беспомошното тело на навивачот било на подот, се вклучиле и други хулигани кои продолжиле да го шутираат, а набрзо избегале.

Освен несреќниот 28-годишен маж, со тешки повреди во болница завршиле уште двајца навивачи.