Хрватот што уби кокошка на терен: Жал ми е, им купив нова!

Хрватскиот фудбалер на нисколигашот Јеленград, Иван Газдек стана хит во светот откако излезе видео како среде меч во „селските лиги“ во Хрватска, клоца една кокошка која на лице место ја усмртил, па потоа ја фрла преку оградата на игралиштето.

За потегот, Газдек добил црвен картон од судијата, ама експресно после „инцидентот“ му паднало жал за потегот, па на сопственичката од куќата до игралиштето, која чвала кокошки и купил – нова.

„Не беше намерно. Резултатот беше чувствителен во тој момент и нервозата беше присутна. Ние и во соблекувалната меѓусебе се каравме, а постојано на теренот ни влегуваат кокошки, теренот е полн со измет, па условите се нехигиенски. Малку се стрчав кон коошките за да ги избркам, шутнав со ногата и една ја усмртив. Суијата му покажа црвен картон за неспортско однесување. Соседката веднаш ја тргна кокошката, ама мене ми падна жал, па ѝ испратив писмо и нова кокошка во знак на извинување“, рекол Газдек за хрватските медиуми.

Тој порачал дека се надева дека јавноста ќе го прифати неговото извинување.

„Имам куче, две мачки, имав и папагал кој неодамна за жал умре. Јас ги сакам животните“, додал тој.