Хрвати не можеа да го издржат газењето од Шпанија – ги фрлаа телевизорите (ВИДЕО)

Убедливиот пораз на Хрватска во синоќешната пресметка против Шпанија (0-3) во првиот меч на ЕП 2024 во Германија донесе огромно разочарување кај навивачите на оваа селекција, кои имаат огромни очекувања од своите репрезентативци особено по добрите игри во подготовките и лесните победи над Македонија и Португалија.

Илјадници тажни лица можеа да се видат на стадионот во Берлин, но и насекаде низ оваа држава, каде што надежите беа дека најмалку може да се повтори успехот од пред три години на СП во Катар, каде што „коцкестите“ беа бронзени.

Меѓу хрватските навивачи имаше и такви што својот бес и револт од ужасната игра го искажаа на апаратот на кој го гледаа мечот. Еден од нив го откорна телевизорот од кафулето во кое со друштвото навиваа за избраниците на Златко Далиќ и истиот го фрли во блиските грмушки. Вториот, пак, го извади телевизорот од својот дом и го фрли во дворот (видеото погледнете го ТУКА).