Холивудска ѕвезда дојде да гледа кошарка, па збесна: За ова ли дадов 1.500 долари!? (ВИДЕО)

Холивудската ѕвезда Расел Кроу се појави вчера на пријателскиот меч на Австралија со „дрим-тимот“ на САД, дуел како завршна подготовка пред стартот на кошаркарскиот Мундијал во Кина за една недела.

Но, Кроу многу брзо збесна откако плати баснословна влезница од 1.500 долари, за ништо да не може да види. Пред него стоеја организаторите, а иако беше многу близу до самиот терен, практично и не можеше да ужива во мечот, кој се одигра пред 50.000 гледачи.

„Дадов 1.500 долари за ваков поглед. Некој ме зафркава мене. Ако не сте меѓу овие 50.000 кои дојдоа да го гледаат мечот и ако сте решиле да гледате на ТВ, да знаете сте направиле добра одлука“, објавил Кроу.