Хаос во Лвов: Се тепаа Французи и Украинци, уапсени хулигани на сплитски Хајдук (ВИДЕО)

Дваесетина хулигани се уапсени, меѓу кои седум Французи и еден Германец, по масовната тепачка пред натпреварот во Лигата на Европа помеѓу Олександрија и Сент Етиен во Лвов, западна Украина.

Според полициските извештаи, повеќе од стотина хулигани се судриле во средата вечерта на главниот плоштад во Лвов. Во немирите се повредени двајца полицајци, а две полициски возила биле запалени.

Според пишувањата на порталот „Франсблу“, во тепачката учествувале и Хрвати. Меѓу фановите на Сент Етиен имало и членови на „Торцида“, наведува францускиот медиум.