Голманка на Ливерпул доби незгоден удар и заврши со – расцепена глава (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Еден момент на невнимателност може скапо некого да го чини или во најдобар случај да остане белег за цел живот. Кај спортистите тоа често се случува, а тоа го докажува и повредата на голманката на Ливерпул, Франк Кичинг.

Кичинг заработи тешка повреда на тренинг пред мечот против Бристол сити, откако од соиграчка добила копачка во глава.

Ударот бил толку силен што се отворила веднаш голема рана на челото, па морало да интервенираат докторите во тренинг-центарот и да ја затворат повредата.