Голман останал без четири прсти: Машина за мелење месо му откинала дел од раката (ВИДЕО)

Во животот никогаш не треба да се откажете од соништата, а тоа го покажува и талентираниот голман од Египет, Салах Адел, кој доживеал несреќа и загубил четири прсти на левата рака, но и покрај тоа не се откажал од фудбалот.

Неговата упорност и желба да брани е вистински пример за неговите соиграчи, кои се дел од екипата „Фудбалски тим на чудата“, во која настапуваат фудбалери кои имаат ампутирано одреден дел од телото.

Адел загубил 40 проценти од неговата дланка и четири прсти во несреќата, кога левата рака му била фатена од машина за мелење месо во една месара во која работел.

„Не постои ништо тешко. Продолжив да се борам додека не го достигнав својот сон и повторно почнав да бранам“, кажа Адел.