Голема трагедија во хотелот на Кристијано Роналдо! (ФОТО)

Голема трагедија се случи за време на изградбата на новиот хотел на Кристијано Роналдо во Мадрид.

Еден од градежните работници паднал од осмиот кат низ отворот за лифт и починал на самото место.

Инцидентот се случил денеска околу 11 часот, а човекот кој починал имал 41 година. Според очевидци, брзата помош пристигнала брзо, но само ја констатирала смртта.

Инаку, овој хотел ќе биде втор на Роналдо во Мадрид и вкупно четврти, со оглед на тоа дека има два во Португалија.

Сепак, овој сигурно нема да биде запаметен по добро по тажната ситуација.