Глупаци на векот: Му го украдоа медалот на Пиоли, па гордо се сликаа (ФОТО)

Тренерот на новиот италијански првак Милан, Стефано Пиоли остана без златниот медал за освоеното „скудето“ откако му го украдоа, па кормиларот на „росонерите“ молеше да му го вратат и на крај Серија А објави дека ќе му даде нов медал.

И медалот брзо е пронајден, но не со истрага на полицијата, туку крадците сами си објавија слика како гордо позираат со него. Дури и сликата која ја објавија со медалот, го тагнале Милан, а еден од нив, уште и го ставил медалот на продажба