Фудбалери на Брајтон во центар на скандал откако се „надувале“

Фудбалерите на англискиот премиерлигаш Брајтон се најдоа во центар на скандал, за кој англиските медиуми буквално ги распнаа, откако се појави снимка како четворица за време на мини-подготовките поради одморот во Премиерлигата недолично се однесуваат.

Шејн Дафи, Паскал Грос, Леандро Тросар и Алиреза Џаханбаш се четворицата кои „дувале“ гас од балон и засега нема информации за каков гас станува збор, ама сите претпоставки се дека станува збор за азотсубоксид, гас кој тера на смеење.

Клубот наредил интерна истрага, зашто циркузот што го направиле фудбалерите е непримерен за професионалци и тоа среде подготовки за продолжението на завршните 13 меча во сезоната.