Французин направи скандал: Оргии во џакузи, па навреди кон клубот што го рани (ВИДЕО)

Францускиот фудбалер Магаје Гај, поранешен фудбалер на анлискиот премиерлигаш Евертон предизвика скандал во Романија и сега се соочува со можност да биде протеран од престолнината Букурешт, откако објавил снимка од оргии среде корона-криза во џакузи, а плус со навреди го нападна директорот на великанот Динамо.

Гај на снимката се забавува со разголени девојки во џакузето, па открива дека челниците на клубот врз него прават притисок и почнува да ги навредува. Поради ова, легендата на Динамо, Флорентин Петре побарал Французинот да биде депортиран.

„Шокантно е тоа што Гај го прави и го кажува. Може да правите што сакате во слободно време, ама кога ја исмејувате историјата на еден клуб како Динамо... Мора да биде казнет и вратен од таму каде што дошол. Ги исмејува сите навивачи кои вложиле во клубот, а тој јадел и пиел од тие пари. Го знам откако дојде во Динамо, повеќе личи на рагбист отколку на фудбалер. Јасно е зошто доаѓаат, сакаат само слава, да земат пари и да си ја воскреснат кариерата“, рекол Петре.