Формула 1 од март 2020 ќе продава колекција на – парфеми

Најпознатиот и најатрактивен автомобилистички шампионат Формула 1 веќе има сопствена колекција на парфеми, која ќе ја пушти во продажба од март идната година.

Промоцијата на колекцијата парфеми со интересни тридимензионални шишиња се случила во Абу Даби викендов, на последното сезонско гранпри, а во март на пазарот ќе се најде лиминираната колекција, која е комбинација на луксуз и искуство, инспирирани од „октанскиот циркус“.

Ф1 колекцијата на парфеми ја изработи со партнерот „Дизајнер Парфјумс“, а ги искористи и услугите на Рос Ловгрув од Кардиф.